Во битка за одбрана на татковината, денеска на фронтот загина голем талент во бијатлон Јевен Малишев, а ФИФПро објави дека досега животот го загубиле, 21-годишниот Витали Сапило и 25-годишниот Дмитро Мартиненко.
Сапило беше првиот спортист кој загина во руската агресија, инаку фудбалер на Карпати од Лвов, а животот го загубил во близина на Киев како дел од територијалните единици за одбрана на земјата, откако се мобилизирал.
За разлика од него, Мартиненко не бил дел од територијалната одбрана, туку животот го загубил во семејната куќа, откако бомба при гранатирањето паднала и експлодирала во куќата, па покрај него животот го загубила и неговата мајка, додека потешко повредена е неговата седумгодишна сестра, а татко му преживеал со ситни повреди.
Инаку Мартиненко е фудбалер на Хостомел и минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во второлигашката конкуренција во Украина.