Британски „Сан“ објави дека дефанзивецот заедно со неговата вереничка и двете ќерки биле евакуирани од вилата.
Заканата пристигнала преку и-мејл, а полицијата веднаш реагирала и почнала истрага во куќата и имотот на познатиот фудбалер.
„Сан“ пишува дека фудбалерите на Манчестер јунајтед често добиваат вакви закани, но оваа била сериозно разбрана бидејќи „ѓаволите“ пред неколку дена катастрофално загубија со 0-4 од Ливерпул.