Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Леванте со 6-0 во натпреварот од 36. коло на шпанската Ла Лига.

Реал Мадрид веќе ја освои шампионската титула, а Леванте испадна од Ла Лига, сепак тоа не ги спречи фудбалерите на Реал да прикажат фантастична игра.

Тимот од Мадрид славеше повеќе од убедливо со резултат 6:0, а во текот на сите 90 минути беше доминантен и победата можеше да биде изразена и со двоцифрена разлика .

Се започна во 13. минута кога Менди погоди за 1:0 по фантастичната асистенција на Лука Модриќ, а предноста се удвои во 19. минута преку Карим Бензема по одличниот центаршут на Винисиус Жуниот, а Родриго во 34. минута зголеми на 3:0 по новата асистенција на Модриќ .

Винисиус се погрижи за покерот во првото полувреме во 45. минута од натпреварот , а Лука Модриќ ја направи својата трета асистенција . Реал Мадрид успеа да постигне уште два гола во вториот дел .

Поточно, Винисиус го направи тоа, прво во 68. минута по одличната акција на Бензема, а потоа и во 83. минута на асистенција на Лука Јовиќ за конечни 6:0 и негов хет-трик.

https://www.youtube.com/watch?v=DMDtOzzRj4k