Поранешниот германски репрезентативец Адемола Окулаџа почина на 47-годишна возраст, јавуваат германските медиуми.
Причината за смртта не е објавена, иако е познато дека Окулаџа со години се борел со ракот.
Окулаџа беше член на славната германска репрезентација, каде беше водечки играч заедно со Дирк Новицки и Патрик Фемерлинг.
Во репрезентацијата на „Панцирите“ настапуваше од 1995 до 2007 година, а долги години беше и капитен.
За Германија одигра вкупно 172 натпревари, а во 2002 година освои бронзен медал на Светското првенство во Индијанаполис.
Во клупската кошарка, Окулаџа играше за Алба, Барселона, Уникаха, Бенетон, Валенсија, Химки и Бросе Баскетс.
Како член на Алба го освои Купот Радивоје Корач во 1995 година под водство на Светислав Пешиќ.
Кариерата ја заврши во 2010 година.
Претходно, две години претходно, му беше дијагностициран тумор на ‘рбетниот столб и мораше да оди на терапија една година.
Потоа одигра уште една сезона за Бросе, а потоа ги закачи „патиките на клин“.
По играчката кариера, тој стана агент на германските играчи Денис Шредер и Даниел Тајс.