Килијан Мбапе денеска и официјално потврди дека останува во ПСЖ откако позираше пред навивачите со дрес на кој пишуваше 2025 година.

Долго се шпекулираше за неговата иднина, па денеска работите конечно станаа јасни. Французинот потпиша нов тригодишен договор со „светците“.

„Ова е мојот дом, мојот град, како што и секогаш велев. Продолжувам со ПСЖ за да освојуваме титули заедно“, рече Мбапе.

Засега има многу шпекулации околу финансиските услови на Мбапе во новиот договор. Некои велат дека напаѓачот ќе инкасира преку 300 милиони евра за овие три сезони.