Македонската репрезентација до 21. Година дојде до нова победа во тековните квалификации откако предмалку со 3:1 на домашен терен ја совлада Ерменија. Иако протиникот поведе уште на стартот на мечот ние најпрво израмнивме преку Методиј Максимов во првиот дел, а потоа на пет минути до крајот на мечот, резервистот Марио Илиевски успеа да погоди за водство на Македонија. Конечните 3:1 и постави Сефер Емини од пенал длабоко во судиското продолжение.

Секако дека ова е одличен резултат за нас, на самиот крај на овие квалификации, кога успеваме да собереме бодови и да го задржиме рејтингот.

Нашиот национален тим на овој меч почна лошо. По само десетина минути, прекинот изведен од лево го искористи Симонјан, и со глава на петерецот погоди во мрежата на Денковски. Ние како да се свестивме во тој момент дека не смее со негатива да се започне мечот, па заигравме поангажирано. Неколку полушанси кои не вродија со плод, но сепак, покажавме дека сме решени пред полувреме да израмниме.

Во 22. Минута го видовме убедливо најубавиот потег во првиот дел. Методиј Максимов прими една топка по таа негова лева страна се намести на удар и прекрасно заби на вториот дирек директно во аголот. Играчот на Работнички буквално не спаси во оваа ситуација, затоа што изремнување ни беше и тоа како потребно. До крајот на полувремето, Хајдари убаво нафрли за Станковски но овој од прва биеше лошо над голот.

Во вториот дел ние се обидовме да дојдеме до полн плен и за наша голема среќа и успеавме во тоа. Резервистите Луан Абази како асистент и Марио Илиевски како стрелец на пет минути до крајот на натпреварот, за да длабоко во судиското продолжение Сефер Емини ги постави конечните 3:1