Руските фудбалски клубови нема да можат да учествуваат во европските натпреварувања оваа сезона, одлучи денеска Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана.
Русите претходно поднесоа жалба до спортскиот суд против одлуките на УЕФА и на ФИФА кои ги суспендираа руските тимови и селекции поради војната во Украина, но судот ги потврди одлуките на водечките фудбалски тела.
Судот за спортска арбитража во блиска иднина ќе одлучува по жалбите на руските федерации во други спортови бидејќи многумина го следеа примерот на УЕФА и ФИФА и ги суспендираа натпреварувачите од Русија за воените настани на територијата на Украина.