Младинците кои ги предводи селекторот Никола Василев, работата ја завршија уште во првата четвртина во која успеаја да стигнат до 19 разлика, добивајќи ги првите десет минути од мечот со 33-14 и сѐ потоа беше само рутинско одработување на мечот, на кој постојано ја зголемуваа предноста до убедливата победа.
Австрија до средина на првиот период даде само шест поени , па уште на самиот старт беше јасно кој ќе победи и прашањето беше само со колкава разлика ќе слават македонските репрезентативци, кои ги добија сите четири периоди и на противниците им одржаа вистинска кошаркарска лекција.
Марио Миловановиќ со 15 поени беше најефикасен, Лука Савиќевиќ додаде 13 со девет асистенции, а Павел Данаиловски погоди 12, додека Гоце Петрушевски беше двоцифрен со 10 поени. Сите избраници на Василев се запишаа меѓу стрелците
Миро Запф беше единствен со двоцифрен ефект кај Австрија со 10 поени.