Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се најде во тимот на колото во првенството на Шкотска по одличната игра и двата постигнати гола за Абердин на мечот против Сент Мирен.

Миовски стрелаше од пенал, а потоа и уште еднаш погоди во првиот дел од дуелот против Сент Мирен. Абердин на крајот славеше со 4-1.

Македонецот ја има втората најдобра оценка во тимот на колото.