На Бојан Миовски навистина му одговара шкотското првенство и екипата на Абердин, бидејќи во третото коло го постигна и третиот гол, откако дојде на островот.
На дуелот против Мадервел, на домашен терен, гостите поведоа по 20 минути игра, но во 42. Бојан Миовски извади максимум од нафрлувањето на Скејлс и го изедначи резултатот. Ова е прв негов гол со глава и со него го најави пресвртот, кој го комплетира Хејс, по три минути во вториот дел. Сепак, набргу потоа и Мадервел реализираше, па во моментот на објавување на овој текст резултатот беше 2-2.
Миовски е првиот играч во шкотската Премиерлига, кој дојде до три гола и на недовршено трето коло – најдобар стрелец