Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов утре претпладне ќе ги има лекарските прегледи пред да потпише со англиски Барнли и да го направи трансферот вреден севкупни пет милиони евра, објави германски „Кикер“.

Штутгарт и Барнли имаат начелен договор, а Чурлинов веќе се договори за четиригодишна соработка на „Турф Мор“, па според најавите „швабите“ ќе добијат веднаш 3,5 милиони евра за трансферот, додека останатите 1,5 милиони евра ќе им бидат исплатени низ разни бонуси.

Директорот на Штутгарт, Стив Мислинат објави дека трансферот е пред реализација, но бирократски процедури во моментов го „кочат“ за експресно да се заврши.

„Преговорите се пред крај и мислам дека ќе заврши со трансфер. Има само некои бирократски и организациски детали да се комплетираат. До среда би требало сѐ да се заврши“, рече Мислинат.

https://twitter.com/kicker_VFB/status/1558839754367684609?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1558839754367684609%7Ctwgr%5E7fadd1953eae77b721c2a1bad4af973fce899558%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fchurlinov-utre-kje-gi-ima-lekarskite-pregledi-pa-kje-potpishe-so-barnli