Aргентинската суперзвезда и фудбалер на ПСЖ, Лионел Меси испрати големи пофалби за Роџер Федерер кој најави дека заминува во пензија.

„Гениј, единствен во историјата на тенисот и пример за секој спортист. Му посакувам се најдобро во неговата нова фаза од животот, ќе ни недостасува да те гледаме на теренот и да уживаме“, објави Меси на социјалните мрежи.
Федерер вчера најави дека се повлекува од активното играње тенис после Лејвер Купот. Ова натпреварување е на програмата од 23. до 25. септември во Лондон.
Швајцарецот не играл од минатогодишниот Вимблдон откако му беше направена операција на коленото.