Италија ја оствари најважната победа во третата сезона во ЛН и го продолжи патот кон трофејот во најновото репрезентативно натпреварување на УЕФА.
Италијанците, вечерва се изборија за победа и се пласираа во плеј-офот во ЛН. На „Пушкаш Арена“, во пеколна атмосфера, „аѕурите“ не потклекнаа на притисокот , со 0-2 ја победија Унгарија и ја симнаа од лидерската позиција во групата 3. Автори на триумфот на Италија во Будимпешта беа Распадоли во 27. минута и Димарко во 52. минута.
Во оваа група Англија избегна повторна бламажа пред своја публика и на „Вембли“ одигра реми 3-3 против Германија. Така „Гордиот Албион“ сезоната во ЛН ја заврши без ниту една победа и со разочарувачки три бода, доволни само за пласман во Б дивизијата. Лудото дерби во Лондон започна бавно и без речиси ниту една посериона шанса во првиот дел, но затоа во вториот следеа шест гола и поделба на бодовите.
- Англија – Германија 3-3:
Германците со головите на Гундоган и Хаверц поведоа со 0-2, но Англичаните не се предадоа и тргнаа во контраофанзива, и за само 11 минути стигнаа до пресврт и водство од 3-2. Прво погоди Лук Шо, па на 2-2 изедначи Маунт, додека Хари Кејн од пенал донесе голема радост на Вембли. Сепак, ѕвездата на Челзи, Хаверц со својот втор гол, по грешката на Поуп, ги постави конечните 3-3 и не дозволи пораз на својата селекција на ова гостување.
Во Лига Ц, Грузија со сигурна победа над Гибралтар ја потврди лидерската позиција и пласманот во плеј-офот (1-2), додека Македонија загуби на домашен терен од Бугарија и заврши на третото место.
Во Лига Б, група 3, Босна и Херцеговина загуби од Романија (4-1) но сепак заврши на лидерската позиција на табелата, а Финска со триумфот од 2-0 над Црна Гора го освои второто место.