Репрезентацијата на Македонија има неверојатен старт во дуелот со Турција во Ван, во рамките од второто коло од квалификациите за следното Европско првенство.
Момците на Кирил Лазаров тргнаа брилијантно и се чини дека уште по воведните минути ги решија сите проблеми околку победникот на овој дуел. Никола Митревски блеска на голот, a во нападот играме полетно и ефикасно, па тоа донесе девет постигнати гола и примен само еден. Турците мразот го скршија во 13. минута кога првпат го совладаа нашиот капитен, а една интервенција има и Томовски од пенал.
Најефикасен е опоравениот Дејан Манасков со 4 постигнати погодоци.
По 30 минути игра Македонија има водство од 8:17 и би било вистинско чудо доколку го испуштиме истото и не обезбедиме победа на ова гостување.