Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас сезонава не добива посакувана минутажа во редовите на Наполи, а честото седење на клупата за резервни фудбалери очигледно го инспирираше за една објава на Инстаграм со која предизвика многу реакции.
Елмас објави фотографија од клупата за резервни фудбалери со коментар: Мојата прва љубов – клупата, што очекувано беше протолкувано како негова замерка до тренерот Лучијано Спалети.
Дел од фановите на Наполи го критикуваа Елмас поради ваквиот потег, но има и такви кои застанаа во негова одбрана, без разлика што тимот на Спалети постигнува одлични резултати во досегашниот тек на сезоната.
Елмас одигра само 293 минути на 12 настапи.