Србија е старо-нов светски првак во женска одбојка откако во три сета го победија Бразил во финалето, но вистинска хероина покрај МВП-то вторпат по ред Тијана Бошковиќ е дебитантката Александра Јегдиќ, либерото кое игра во германски Постдам.
Србинката има филмска приказна за тоа како стана светска шампионка, зашто пред СП во Полска и Холандија воопшто не била сто отсто сигурна дали ќе биде на спискот на селекторот Даниеле Сантарели, иако се надевала дека ќе ја повика. Но, во тој период главна преокупација и била свадбата со својот животен изабраник. И дента кога го организирала својот најважен ден во животот, како свадбена честитка ѝ дошла поканата од селекторот.
Поради повикот во репрезентацијата морала да го прекине медениот месец кој претходно бил испланиран, ама на крајот се сè исплатело – со освоената светска круна.
„Александра се омажи во јули и јас ѝ се јавив за да и кажам која ми е идејата, а таа беше на меден месец. Верувам дека не беше баш среќна поради мојот повик, ама беше среќна секако за повикот во репрезентацијата. Ѝ го прекинав медениот месец, да не речам ѝ го уништив. Александра е прекрасна девојка“, откри селекторот Сантарели.