Манчестер Сити стигна до нов триумф откако на „Итихад“ го победи Брајтон со 3-1. Норвежанецот Ерлинг Халанд е незадржлив и постигна два нови гола. Тој го отвори резултатот во 22.минута, а потоа зголеми и на 2:0 од пенал во 43 мин. од натпреварот.
Брајтон намали со голот на Леандро Тросар во 53.минута, но триумфот на Сити го завери Кевин де Бруин во 75.минута со извонреден удар од далечина за да ги реши сите дилеми на натпреварот.