Целиот натпревар Данска беше во водство, уште од самиот старт, стигнуваа и до плус пет во првата половина од првиот дел (9-4, 10-5), а до 42-та минута има плус четири 22-18 и тука данските ракометарки застанаа. Осум минути потоа не дадоа гол, Норвешка со 4-0 стигна до прв егал 22-22 после воведните 2-2, а во последните десет минути кога се сè решаваше Данска даде само два гола, а Норвешка пет минути пред крајот првпат поведе и предноста потоа не ја испушти за конечен триумф.
За Норвешка ова е седма европска титула (од вкупно деветте) во 21-от век за да потврдат дека се аполутни ракометни владетели, а имаат уште четири светски титули и две олимписки злата.
Мeрк со осум гола беше предводничка кај Норвежанките, а Бреистол даде четири, додека кај Данска, Бургард даде шест, а Фрилс погоди петпати.