Оливие Жиру е човекот во фокусот на вечерашниот дуел меѓу Франција и Австралија на третиот ден од СП во Катар. Светскиот шампион почна со висока и убедлива победа од 4:1, а напаѓачот на Милан освен што го постигна својот прв гол на мундијалите, со двата вечерашни погодока во мрежата на австралискиот голман Метју Рајан успеа да го израмни репрезентативниот рекорд на Тиери Анри со 51 гол во дресот на „триколорите“.
36-годишниот играч на Милан стана и највозрасниот стрелец во својата репрезентација.
Инаку мечот тргна одлично за „кенгурите“ кои со голот на Гудвин уште во 9. минута поведоа со 1:0. Франција успеа да се соземе од шокот кој дојде и со повредата на Лукас Ернандез, па во 27. минута Рабио успеа да израмни на 1:1.
Во вториот дел Франција тотално ја надигра Австралија. По неколку пропуштени прилики, Мбапе ја затресе мрежата на Рајан по асистенцијата на Дембеле во 68. минута за 3:1, додека со својот втор гол, Жиру во 71. минута ја доведе Франција и до предност од 4:1.
Сите голови погледнете ги ТУКА.