Фиорентина синоќа победи со 3:0 против Каљари.

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ одби да потпише нов договор со „виолетовите“, досега најскап во историјата на клубот. Оттогаш се шпекулира само каде би можел да ја продолжи кариерата.

Навивачите на Фиорентина го сметаат за предавник Душан Влаховиќ. Ова доведе до тоа српскиот напаѓач повеќе да не се чувствува удобно во Фиренца.

Душан Влаховиќ беше задолжен за сите пенали за Фиорентина. Против Каљари вчера, дефанзивецот Бираги ја презеде одговорноста да шутира пенал. Влаховиќ одби да шутира пенал со зборовите „немам добро чувство“. Очигледно Србинот чувствува огромен притисок.

Меѓутоа во 49. минута Влаховиќ постигна вистински еврогол од слободен удар.

https://twitter.com/Filippo_Vds/status/1452278444574789639?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1452278444574789639%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.maxbetsport.rs%2Fpotresi-u-firenci-da-li-se-uprava-fjorentine-na-ovaj-nacin-sveti-vlahovicu-srbin-uprkos-svemu-postigao-evrogol-video-317617%2F