Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски го постигна својот втор сезонски погодок за Мезоковешд Жори, но сѐ на крај беше залудно зашто Вашаш убедливо победи на гостувањето со 4-1.

Бабунски го отвори мечот за водство на својот тим во 11-та минута од пенал (голот може да го погледнете ТУКА), откако судијата свирна на белата точка после една мешаница по корнер. Но, во завршницата од полувремето, Новотни во две минути даде два гола за пресврт во 39-та и 41-та минута, а потоа во последните 20 од мечот Вашаш додаде уште два за убедливата победа.

Мезоковешд со поразот остана на 32 бода на средина од табелата, четири од претпоследниот Хонвед на 11-то место, а десет од Вашаш кој денеска убедливо ги победи.