Бразилецот Родриго беше херојот на Реал Мадрид во победата над Челзи со 2-0, со оглед на тоа дека беше стрелец на двата голови. Но првиот погодок го прослави како Кристијано Роналдо, за што Родриго има интересно објаснување зошто го направил тоа.

– „Вистината е дека сакав да паднам на колена, но не можев бидејќи претходно имав мала повреда токму на коленото. Тогаш прво што ми дојде на ум е да го прославам погодокот како мојот идол Кристијано Роналдо. Пресреќен сум и се надевам дека ќе продолжам да играм вака“.

https://youtu.be/nBcQgrIuXcY

Реал Мадрид во полуфиналето го очекува подобриот од дуелот Баен Минхен – Манчестер Сити, а тоа веројатно ќе биде англиската екипа со оглед на предноста од 3-0 од првиот дуел против “баварците“.