Кошаркарот на Денвер Никола Јокиќ беше исклучен од мечот со Мајами кога одзади со лакт го удри Маркиз Морис, а особено бурно реагираше еден од играчите на Хит.
Токму Џими Батлер веднаш по инцидентот го повика Јокиќ физички да се пресмета „позади“.
Сепак, поранешниот кошаркар на Чикаго не застана тука.
Тој на крајот од мечот ги собра соиграчите за да се пресмета со противничкиот тим, но обезбедувањето го спречи.
Самиот Јокиќ изрази жалење по потегот, но истакна и дека морал да се брани.
„Тоа беше глупав потег. Се чувствувам лошо. Тоа беше валкан потег и сакав да се заштитам, но не требаше да реагирам вака. Тоа се случува. Не требаше да реагирам навистина така, но морам да се заштитам и тоа беше само момент на реакција и адреналин“, рече тој.
Поради ова, српскиот центар нема да игра на следниот натпревар, а ќе биде казнет и парично. Сепак, се очекува да добие и повеќе од еден натпревар суспензија.