Тотенхем по девет кола е лидер во англиската Премиерлига, откако рутински и сигурно триумфира над Фулам со 2-0.
Откако конкурентот Арсенал освои само бод играјќи реми против Челзи (2-2), Тотенхем ги имаше сите предуслови за лидерската позиција и остана само уште да го совлада Фулам.
Стигна до победа со убедлива игра и многу шанси, иако реализираа само Сон во 36. минута и Медисон во 54. Сега имаат 23 бода на првата позиција, пред Манчестер сити и Арсенал со по 21.
Тренерот Ангелос Постекоглу постави рекорд за најуспешен тренер дебитант во Премиерлигата по девет одиграни кола со ефектот од 23 бода.