Македонската ракометна М18 репрезентација ја победи Словачка со 27-26 во првото коло од квалификацискиот турнир за Европското првенство, што денеска почна во Автокоманда.
Со оваапобеда, нашите ракометари се најдоа на чекор од пласман на континенталниот шампионат кој е на програмата летово во Црна Гора. До победата, стигнаа благодарение на подобрата игра во последните седум минути во кои репрезентациите влегоа со израмнет биланс (23-23). Ристевски и Митев се погрижија за предност на Македонија од два разлика која се покажа клучна до крајот. Словачка намали на 26-27 на 30-тина секунди пред последниот звук на сирената, но нашите ракометари потоа успеаја да ја задржат топката до истекот на времето.
Петрески со осум гола беше најефикасен во македонската репрезентација, Митев постигна пет, а Ристевски четири. Утре Македонија игра со првиот фаворит Швајцарија и ако победи ќе се пласира на Европското првенство. Во случај на пораз, имаме последна шанса в недела, против аутсајдерот Косово.