Каталонскиот гигант Барселона бележи навистина импресивни резултати во досегашниот тек на оваа сезона во Примера и во ЛШ, или поточно во првите месеци под водство на германецот Ханси Флик.

Каталонците се решија да направат сериозна промена и на кормилото да немаат тренер кој бил поранешен играч на клубот, човек кој знае како истиот функционира, нешто што ретко се случуваше во изминативе две децении со некои исклучоци како Мартино, Сетиен…
Флик донесе дисциплина, агресивност, нова енергија и засега се функционира како што треба во овој млад тим. Вчера Барса гостуваше кај Црвена Звезда во Лигата на шампионите, па српската легенда Саво Милошевиќ даде една храбра прогноза за овој состав на каталонците со порка дека истиот може да го надмине и оној на Пеп Гвардиола, тим кој доминираше и освои многу трофеи.

-Она што го видов против Баерн и Реал Мадрид е сосема нов фудбал. Повеќето луѓе велат модерно, но не ми се допаѓа, ова е ново во светот. Сè уште не сум видел таков совршен тим технички и тактички што ќе трча толку многу и со толкав интензитет.

-Оваа Барса може на крајот да биде подобра од онаа на Пеп Гвардиола, навистина верувам во тоа бидејќи овој тим има уште една работа, многу трча. Оваа Барса не сака да ја има топката само за да ја има, ако оставиш празнина ќе те масакрираат, -порача Милошевиќ.