Maкедонскиот фудбалски репрезентативец, Исник Алими во натпреварот на Сепси против Поли Иаси кој неговиот тим го доби со 1-2 го постигна третиот гол во првенството.

Алими претходно постигнуваше голови во првенството против Хермштад и Ботосани, а освен трите голови додаде и две асистенции по 16 кола.

Сепси во натпреварот со Поли Иаси влеезе по две средби кои ги одигра нерешено и сега се шести на табелата со 22 бода.

Со оваа победа Сепси ја продолжи серијата од пет меча без пораз во романскиот шампионат.