Францускиот тенисер Беноа Пер повторно е позитивен на коронавирус.
Беноа Пер беше позитивен на коронавирус за прв пат на УС Опен во 2020 година, што предизвика паника во Њујорк, но на крајот се испадна добро кај францускиот тенисер и неговите колеги.
Сега повторно е позитивен на коронавирус, пред почетокот на АТП купот и подготовките за Австралија Опен.
„Здраво, јас се викам Беноа Пер и по 250 пат сум позитивен на коронавирус. Не можам повеќе да се справам со ова корона срање. Не ми е ништо, носот малку ми течи, но поради ова во карантинот сум на другиот крај на светот, не сум многу добар психички. Минатата година беше лоша, оваа е уште полоша. Вакциниран сум, но не можам да живеам како кога немаше Ковид“, напиша Пер и ја праша АТП организацијата:
„Само едно прашање – како ќе ги заштитите играчите како мене, во мојот случај?“, прашува Пер.
Пер има 32 години и моментално е 46. тенисер во светот.