Статуата е поставена во Индија и чини околу 12.000 фунти, а тешка е 400 кг, по што министерот на сојузната држава Гоа соопшти дека таа е поставена како мотивација помладите да го развиваат фудбалот на повисоко ниво.
„Поради љубовта кон фудбалот и барање на нашите млади фудбалери поставивме статуа на Роналдо во парк за да ги инспирираме младите фудбалери да го кренат фудбалот на повисоко ниво“, кажа министерот Мајкл Лобо.
Сепак, има и такви кои го критикуваат потегот на локалната власт затоа што сметаат дека статуа требало да биде поставена од некој индиски фудбалер, а не од Роналдо.
Сојузната држава Гоа се наоѓа во западниот дел на Индија и во минатото била португалска колонија.