Победата во слалом во Лиенц ,Австрија ја однесе Петра Влхова, која и по првото возење беше во водство, а во второто возење само ја зголеми разликата.
Второпласираната по првото возење Мишел Гисин заврши на подиумот, но ги замени позициите со третопласираната Катарина Лиенсбергер.
Најдоброто време на второто возење го имаше уште една Австријка Катарина Трупе, која напредуваше од 13. на четврто место, а подиумот и побегна за десет стотинки.
Хрватската скијачка Леона Поповиќ го оствари најдобриот пласман во кариерата завршувајќи на 14 место .
Слалом, Лиенц:
1. Петра Влхова (Словачка) 1: 41.10
2. Катарина Лиенсбергер (Австрија) +0,51
3. Мишел Гисин (Швајцарија) +0,68
4. Катарина Трупе (Австрија) +0,78
5. Венди Холденер (Швајцарија) +1,04
6. Катарина Галхубер (Австрија) +1,40
7. Камил Раст (Швајцарија) +1,48
8. Мина Фуерст Холтман (Норвешка) +1,49
9. Лоренс Ст. Жермен (Канада) +1,52
10. Сара Хектор (Шведска) +1,60