Белгиецот Ромелу Лукаку дојде како огромно засилување, но само шест месеци подоцна не е задоволен со статусот што го има во Челси. Тој беше стрелец на единственит гол за својот тим во ремито против Брајтон, а потоа даде изјава која ги разгоре страстите на „Стемфорд бриџ“.

„Физички, се чувствува, навистина добро. Но, не сум задоволен од ситуацијата во Челси. Тухел избра да игра со друг систем и едноставно јас „висам“. Но, нема да се откажам, ќе бидам професионалец. Не сум задоволен од ситуацијата, тоа не го кријам, но јас сум професионалец – и не можам да се откажам сега. Ќе работам напорно и ќе се обидам да се докажам“, изјави Ромелу Лукаку.

По ремито со Брајтон на домашен терен, Челси сега има осум бода негатива во однос на лидерот Манчестер Сити