Ромелу Лукаку не беше во тимот на Челзи на дербито против Ливерпул (2:2), што беше казна од Томас Тухел, откако белгискиот репрезентативец неодамна даде интервју за Скај Италија во кое изјави дека жали што го напушти Интер и дојде на Стемфорд Бриџ. Сега Лукаку отиде чекор понатаму и на својот Фејсбук профил истакна дека е играч на Интер.
Инаку, најжестоките навивачи на Интер не го прифатија извинувањето на Лукаку што си замина од клубот. Тие поставија транспарент на кој пишува: „Не ни е гајле за оние што бегаат од дождот, се грижиме за оние што остануваат во невремето. Чао, Ромелу“.