Претседателот на фудбалскиот клуб Торонто, Бил Менинг, откри и на повеќе од интересниот начин на кој го донел Лоренцо Инсиње во редовите на канадскиот тим.
Се започна со специјализираниот сајт „Трансфермаркт“.
“Отидов на веб-страницата на италијанската репрезентација и погледнав чиј договор ќе истече наскоро. Лоренцо беше еден од нив. Почнав да пишувам имиња за кои мислев дека се светска класа и ќе имаат комерцијална вредност”, изјави Менинг.
Инсиње потпиша преддоговор со тимот од МЛС, со кој се обврза на четиригодишна соработка која започнува во јули.
Во текот на кариерата во тимот на Неапол одигра 416 натпревари и постигна 114 гола со 95 асистенции.