Кинескиот натпреварувач Жен Чивеи го освои олимпиското злато во Пекинг во брзо лизгање на кратка патека, на трката на 1.000 метри.
Чивеи до победата дојде со време од 1:26.768 минути, а ова воедно му е второ злато во Пекинг, по успехот во мешаната штафета на 2.000 метри.
Среброто го освои неговиот сонародник Венлонг Ли (1:29.917), додека бронзата му припадна на Унгарецот Шаоанг Ли (1:35.693).
Трката ја одбележа дисквалификацијата на унгарскиот претставник Шаолин Шандор Лиу, кој прв мина низ целта, но потоа беше дисквалификуван.