Германскиот тим во крос-кантри скијање Викторија Карл и Катарина Хенинг го освои златото во екипниот спринт .
Викторија Карл и донесе на Германија тркачко злато во тимскиот спринт на класичен начин, бидејќи покажа најголема сила во финишот, каде што беше 17 стотинки пред Швеѓанката Јона Сандлинг и 71 стотинка пред Русинката Наталија Непријаева.
Заедно со 26-годишната Карл, која ги трчаше парните измени, златото го освои и Катарина Хенинг. За двете тоа е прв олимписки златен медал во кариерата, а втор на овие Игри, бидејќи беа дел и од германската штафета која го освои второто место во трката 4х5 километри.
Маја Далквист и Јона Сандлинг освоија сребро за Шведска, а Јулија Ступак беше во бронзената руска штафета со Непријаева.
ЗОИ Пекинг, крос-кантри скијање – Тимски спринт класик:
1. Германија 22: 09.85
2. Шведска 22: 10.02 +0.17
3. Русија 22: 10,56 +0,71
4. Финска 22: 13,71 +3,86
5. САД 22: 22,78 +12,93