Во пресрет на вечерашниот натревар со Финска, нашето либеро со свое видување за овој меч.
„Првиот натпревар на минатото европско првенство го игравме против Финска и бевме во грч затоа што дебитиравме на европската сцена. Вторпат отвораме со Финска, со тоа што сега сме поискусни за две години. Фокусот ни е најмногу на Финците, а потоа ќе ги гледаме другите противници и ќе се подготвуваме за да оствариме позитивни резултати“, – изјави попураниот “Чаби”.
Натпреварот започнува во 18:00 со пренос на МРТ.