Одбојкарскатарката репрезентација на Македонија денес го игра првиот натпревар на Европско првенство, а ќе настапува во групата Ц која ќе се игра во Тампере, Финска. Првата можност за победа е токму против домаќинот Финска.
Ова ќе биде “дежа ву” ситуација од пред две години, кога токуму против Финците го отворивме и континенталниот собир пред две години во Словенија. Тогаш, Македонија загуби бидејќи играше во грч, за потоа да блесне со две победи над Белорусија и Словенија но на крај не успеа да се пласира во осминафинелте. Сега целта е јасна, мора да се надиграат Финците за да запишеме сигурни три бода на почетокот на првенството.
Одбојкарите нагласија дека ќе се надигруваат со сите ривали и дека нема противник со кој не може да победат.
Дуелот со Финска се игра во „Хакаметса Арена“ , а закажан е за денес попладне со почеток од 18:00 часот.