Баерн Минхен уште во првото полувреме постигна четири гола и на убедлив начин го доби осминафиналниот двомеч против Салзбург(7-1). Тимот на Јулиан Нагелсман беше расположен за игра. Особено Роберт Левандовски, кој со хет-трик го заокружи одличниот прв дел на „Алијанц Арена“. Гостите беа во нокдаун, па во продолжението играа за да избегнат дебакл.
Одбраната на австрискиот првак направи две грешки и му подари два удари од белата точка на бундеслигашот. Полскиот напаѓач во двата наврати ја презеде одговорноста и не погреши. Потоа собра еден отпадок и по 23 минути игра донесе висока позитива за фаворитот на овој реванш.
Статистиката целосно ја отслика доминацијата на Баерн. Гнабри се надоврза на голеадата на Баварците, со четврти погодок во мрежата на Филип Кон. Домаќинот започна фузиорно и во второто полувреме. Со петтиот гол преку Милер стави точка на сите дилеми. Напаѓачот погоди од далечина и ја загорчи очајната вечер на гостинскиот тим.
Германскиот гигант постигна уште два гола преку Милер и Сане, а Салцбург имаше мотивација за да нападне и да реализира гол за утеха. Тоа успеа да го направи во 70. минута, кога Мауриц Кјаергард го совлада Нојер и го постави конечниот резултат. Баерн ја оправда улогата фаворит и на крај заслужено се пласира меѓу најдобрите осум екипи во елитното натпреварување.