Позната е финалната двојка во женска конкуренција на мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс. Марија Сакари ќе се бори за титулата против Ига Швјонтек.

Тенисерката од Грција ја елиминираше актуелната шампионка Паола Бадоса за да се пласира во своето прво мастерс финале во кариерата. Сакари славеше во три сета со 6-2, 4-6 и 6-1. Во големото финале таа ќе ги одмери силите со Швјонтек, која пак е во серија од 10 победи по ред откако утринава беше подобра од Симона Халеп со 7-6 и 6-4.