Откако вториот Македонец, Даниел Аврамовски даде гол во победата со 2-0 во првиот меч за да се направи исчекор кон финалето, Велкоски сега со гол само го потврди тој пласман и Сараево ќе се бори за трофејот во Купот, што беше и главна цел на бившиот југословенски и босански првак за оваа сезона и на Васоски на клупата, откако шансите за титулата ги загубија уште есеноска.
Аврамовски поради повреда не играше ни денеска, откако го прескокна и мечот со новиот првак Зрињски во Мостар изминатиов викенд.
Велкоски, кој беш стартер на мечот, даде гол во 28-та минута од мечот за да ги разреши сите дилеми, ако воопшто постоеа за патникот во завршната битка за пехарот, па Варешановиќ во судиското надополнување стави печат за вкупните 4-0 во полуфиналето и сега во битката за трофејот извесно дека противник ќе им биде мостарски Вележ, кој од 16 часот го игра реваншот со Тузла сити, но има џиновски 4-0 од првиот меч.