Неофицијално, тој учествувал во сообраќајна незгода, по која бил префрлен во болница. Поради сериозноста на повредите на главата, бекот на црно-белите бил прегледан на Неврохирургија од каде што излегол со голем завој на главата.

Полицијата набрзо стигнала во Ургентниот центар, каде што веднаш му бил направен алко-тест.