Капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема, не сакаше да коментира премногу за одлуката на Килијан Мбапе да остане во ПСЖ и да не се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Тој вели дека сега има многу поважна работа, да се фокусира на финалето во Лигата на шампионите.

„Дали имам став за одлуката на Мбапе? В сабота играме во финалето на Лигата на шампионите. Сега не е време да размислувам за небитни работи. Не сум лут, туку сум фокусиран на Лигата на шампионите, тоа е многу поважно“, изјави Бензема.