Шпанскиот фудбалер Хозе Луис Гарсија Ваја, попознат како Пепелу, потпиша договор со својот Леванте на 10 години!
Не е вообичаена ситуација играчите да потпишуваат толку долгорочни договори со кој било клуб, особено не ако се знае дека фудбалерот имал опција да си замине без обештетување, бидејќи во оваа ситуација Леванте отпадна од Примера.
На дваесет и тригодишниот Пепелу не му пречеше да се посвети на уште една деценија верност кон својот клуб, каде што пристигна како тринаесетгодишник.
По повод неговиот потпис, Леванте подготви специјален дрес со знакот на бесконечноста.