После цели три недели исчекување, Бојан Миовски конечно доби работна дозвола и зелено светло да им се приклучи на новите соиграчи, па утрово добил и топол пречек во клупските простории во тренинг центарот.

Македонскиот репрезентативец ги надмина проблемите со британската виза и ја доби неопходната работна дозвола за играње во Британија, што значи дека од денеска ќе ги почне тренинзите во Абердин.

Клубот објави специјално видео за младиот македонски напаѓач и прикажа како му било посакано добредојде во просториите од тренерот и сите вработени.

Новата авантура за Миовски од денеска и официјално може да стартува, а деби може да има уште на натпреварот против Рајт во Лига Купот на Шкотска.

Тој натпревар е закажан за два дена од денес, додека во воведното коло на 31-ви август, Абердин ќе игра против Селтик.

https://twitter.com/AberdeenFC/status/1550408423220678656?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1550408423220678656%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fmiovski-konechno-go-reshi-problemot-so-vizata-aberdin-mu-priredi-toplo-dobredojde-video%2F