Репрезентацијата на Германија ја победи Полска (82-69) во битката за третото место на 41. Европско првенство.
Германците бодрени од публиката во Берлин успеа да слави во малото финале и со тоа да дојде до значаен резултат на овој шампионат, резулат кој е изненадување ако се погледнат прогнозите пред турнирот.
Полјаците храбро се бореа на овој натпревар, покажаа карактер и иако загубија достоиствено се простија од ЕП.
Шредер и Фојтман искомбинираа 40 поени за победникот, додека Соколовски со 18 кошеви беше лидер кај гостинската селекција.
Последниот дуел на шампионатот е оној меѓу Франција и Шпанија во борбата за златото и истиот се игра од вечерниот термин 20:30 часот.