Само селекторот Тите, селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил знае дали оваа информација е точна. Познато е дека “кариоките“ имаат страшно супер тим и тешко е да се одредат 26 играчи кои ќе бидат патници на Мундијалот.

Медиумите во Бразил тврдат дека успеале да го пробијат списокот на Тите и 19-те играчи кои се сигурни за СП во Катар, а тоа се:

ГОЛМАНИ

Алисон, Едерсон, Велвертон

ОДБРАНА

Тијаго Силва, Маркињос, Милитао, Алекс Сандро, Данило

СРЕДЕН РЕД

Лукас Пакета, Каземиро, Фред, Бруно Гимараеш, Фабињо

НАПАД

Нејмар, Винициус, Рафиња, Антони, Ришарлисон, Жезус.

Меѓу нив нема ни такви супер – ѕвезди како Родриго, Фирмињо, Габријел, Мартинели, Бремер, Кутињо, Куња, Даглас Луис и уште многу други.

Сепак остануваат уште седум празни места, а дел од нив ќе се најдат секако на списокот на селекторот.