Селекторот на репрезентацијата на Катар Феликс Санчез одговори на обвинувањата дека Катар го поткупил Еквадор.
Во изминативе два дена во светот се шпекулираше како Катар ќе го поткупи Еквадор на првиот натпревар на Светското првенство кое почнува утре. Катарците веќе демантираа, а сега тоа го направи и селекторот на таа арапска земја.
„Циркулираат многу дезинформации. Интернетот е брилијантна алатка, но може да биде и опасна. Се подготвуваме и тренираме со години. Обединети сме, силни сме, никој не може да не дестабилизира. Не сме засегнати од овие критики“, рече Санчез.
Во врска со критиките за Катар како земја и организатор на Светското првенство, Санчез вели:
„Секако, не ни се допаѓа што го критикуваат Катар. Што се однесува до фудбалот, ние добро се подготвивме. Сите играчи се многу мотивирани. Ќе се обидеме да играме добро и да бидеме конкурентни“.