Торино ја совлада Фиорентина со 1:0 на „Артемио Франки“ во Фиренца и се искачи на седмото место на табелата во Серија А . „Биковите“ ја прекинаа серијата од четири меча без триумф, а вечерва триумфираа со прекрасниот погодок на Алексеј Миранчук во 33. минута.
Украинецот шутираше од 16 метри во спротивниот агол од домашниот голман и го запиша четвртиот погодок сезонава во најсилната италијанска лига. За Торино ова е седма победа сезонава, а четврта во гости.
За Фиорентина ова е втор пораз во низа по оној од Рома минатото коло и сега има осум.