Каталонскиот весник Спорт објави дека Роналд Куман добил отказ од тренерската функција на Барселона веднаш по последниот кикс во домашното првенство, а тоа многу брзо го потврди и Барселона преку официјално соопштение.
Барселона вчера беше поразена во 11. коло од шпанската Ла Лига на гостувањето кај Рајо Ваљекано со 1:0, а победничкиот гол за домашната екипа го постигна Радамел Фалкао во 30. минута од натпреварот.
Ова беше пораз кој ја прели чашата на незадоволство на сите фанови на Барса.
Претседателот на клубот Жоан Лапорта пред Ел Класико изјави дека Барселона ќе го задржи Куман без разлика на резултатот во дербито, но последниот пораз очигледно не можеше да се занемари.
Куман ќе добие 12 милиони евра отштета за предвремено раскинување на договорот.
Како најсериозни наследници за тренерското столче на Барселона и голема желба на раководството на клубот е поранешниот играч од средниот ред и легенда на клубот Чави.