Фудбалерите на Фрајбург ја остварија 14-та победа сезонава во првенството, откако триумфираа на гости кај Вердер Бремен со 2-1.
Сите голови беа постигнати во второто полувреме, а во листата на стрелци се запиша Филип во 47. минута кога погоди за предност од 1-0 на Вердер Бремен.
Фрајбург по примениот гол ги нападна домаќините и постигна два погодоци од 67 до 71 минута преку Салаи и Холер за пресврт и победа (2-1).
Екипата на Фрајбург се наоѓа на петтата позиција со 50 бодови, односно еден помалку од четвртопласираниот Унион Берлин и девет помалку од лидерот Баерн Минхен.